| четврток, 6 декември 2018 |

Нимиц денеска на заедничка средба со Јолевски и со Василакис

 Посредникот во спорот за името, Метју Нимиц, денеска во седиштето на ОН во Њујорк ќе оствари заедничка средба со преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

Најновата рунда разговори за името почна вчера кога посредникот имаше одделни средби со македонскиот и грчкиот преговарач.

Американскиот дипломат ги повика претставниците на двете земји на заедничка средба еден ден по локалните избори Македонија.

Последната рунда разговори се одржа на 29 и 30 јануари кога двете страни изразија подготвеност за брза нова средба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top