| четврток, 6 декември 2018 |

Индонезија ќе затвора нарко дилери на остров на кој стражари ќе бидат крокодили

krokodilko
Шефот на индонезиската Агенција за борба со наркотици, полицискиот генерал Буди Васосо најави дека тој лично ќе ја предводи екипата која треба да определи остров на кој би се затварале осудените нарко-дилери, а најефикасни чувари, според него, би биле локалните и донесените крокодили.

Основна причина за ова се согледувањата дека нарко-дилерите и од зад решетки го контролираат бизнисот со дрога.

Индонезија има регистрирано над пет милиони зависници и по најмалку 50 смртни случаи месечно од предозираност.

Генералот Буди Васесо, кој беше главен кандидат на претседателот Јоко Видодо за прв човек на полицијата во Индонезја, но не беше избран поради спротивставување на Агенцијата за корупција. Сега тој чека дозвола од Министерството за правда за да тргне во оваа невообичаена акција.

Генералот Васесо идната недела ќе посети повеќе фарми каде се одгледуваат крокодили на островот Суматра. Тој ќе патува и на Сулавеси и на Папуа за да се увери кои крокодили се најкрвожедни и најопасни, за да бидат ефикасни чувари на затворениците.

Индонезија има многу строг закон за сузбивање на наркоманијата, а над 150 дилери, од кои 57 странци се погубени или чекаат извршување на смртната казна.

Генералот Васесо ја разбранува меѓународната и домашната јавност со изјавата дека на нарко-дилерите на островите треба да им се овозможи слободно да употребуваат дрога и да го завршат животот од предозираност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top