| четврток, 6 декември 2018 |

Иги Џамбо Шоу – видео од радио-емисијата на Џамбазов која траеше 24 часа и една минута

igor-dzhambazov-1990
Тоа е Гинисов рекорд! 24 часа и 1 минута! Колку сум бил луд! – вака игор Џамбазов си ја коментира својата радио емисија од 1992 година. Се работи за најдолгата радио емисија во Македонија која Џамбазов ја направи во јуни 1992 година. Иги Џамбo Шоу почна во 10 часот навечер, а заврши во 10 часот навечер следниот ден.
Кирилица пред некоја година дојде до аматерска видео снимка од подготовките и текот на легендарното шоу на Игор.

Некои се сеќаваат, некои ќе се потсетат, а некои пак, особено оние од помладата генерација, првпат ќе слушнат дека шоуменот Џамбазов во јуни 1992 година, нешто пред да наполни 29 години, водеше радио емисија која траеше цели 24 часа и 1 минута. Во аматерската видео снимка се гледаат подготовките и текот на легендарното шоу во кое гостуваа многу познати македонски имиња. Собрани во кафуле, во импровизирана радио кабина, пријателите го поддржуваа Игор во неговиот невообичаен потег – да се направи најдолгата радио емисија. Интересно е да се види како изгледале Гиш, Ванчо Петрушевски, Јовица Михајловски, Џаро, Драган Б. Костиќ, Александар и Анче Џамбазови, екс сопругата на Игор, Искра, и многу други македонски легенди кои му гостуваат на актерот, водител, шоумен, музичар Игор Џамбазов.

Погледнете дел од она што се случувало во Иги Џамбо Шоу…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top