| четврток, 6 декември 2018 |

Студ за храбрите: Како скандинавците ги прифаќаат бегалците

migranrs-381742

Иако некои скандинавски земји, а најмногу Данска, беа посочувани во медиумите поради строгите правила за мигрантите, сепак набрзина да не ги нарекуваме нетолерантни. Тие не се издвоени од денешната криза.

Мигрантскиот прилив не ослабува, а тоа го чувствуваат и скандинавските земји. Само во минатата година, во Данска статус на бегалци побарале 14 илјади лица, а во Шведска – 80 илјади, откриваат официјални податоци.

Во Норвешка, каде што работам, оваа година пристигнале речиси 18 илјади белагци (а над десет отсто од нив преку се популарниот граничен премин Стурскуг на границата со Русија).

Ситуацијата не е ниту далеку како во Германија, каде само во првото тримесечје од 2015 дојдоа 73 илјади мигранти, но бројките ги надминуваат за неколку пати претходните доскорешни бројки.

Во Норвешка немало толку непредвидлива ситуација уште од 1988 година, признаа деновиве луѓе од северната регионална имигарциска служба. Седумдесет и седум мигранти во саботата ја минаа руско-норвешката граница, а во текот на целата минатат седмица во земјата дојдоа околу петстотини.

Се наближува зимата – каде да ги сместат? Норвешка не е сиромашна земја, но ќе биде претерување ако кажам дека едвај чекаат кандидати за квадратните километри земја пустелија – а камо ли во слабонаселените региони околу поларниот круг.

Всушност, на Арктикот се многу љубезни кон сите кои доаѓаат тука да се населат за постојано, затоа што не секој има сили да живее тука, а такви со силна желба нема многу. Во Ромсјо и околината – област со население од 162 илјади луѓе, наскоро ќе пристигнат речиси 600 мигранти и нема да има конфликт со нив.

За сместување на мигранти покрај границата во моментов се користат, на пример, еден спортски ценар и поранешни војнички бараки, но тоа е само привремена мерка.

Дали скандинавските земји – со нивните општопознати високи морални стандарди и животен стандард, имаат принципи и трајни решенија за бегалските проблеми?

Насекаде е различно

Не постои еден единствен рецепт. Изгледа дека варијантите за решение зависат од неколку фактори.

Меѓу нив, е на пример, бројот на луѓето во земјата. Колку се помалуборјни домродните жители, толку поболен може да биде наглиот наплив на бегалци.

Меѓу нив се и доходите по глава на жител. Впрочем, повисоката веројатност за можните лица и држави да развијат корисна дејност не веднаш се реализира во пракса.

Меѓу нив е и составот на соодветната Влада. Левите и левоцентристичките партии во прицип се поблагонаклони кон бегалците, отколку десните и десноцентристичките.

Тука е и правниот статус на земјата во Европа. Шведска на пример треба да се потчинува штом ЕУ ќе ги намали квотите за прераспределба на бегалци меѓу земјите-членки, а Данска и Норвешка можат да ја следат сопствената линија по ова прашање.

Меѓу тие фактори се и доминантните трендови во граѓанскиот сектор, кои се склони кон промени.

Во тој контекст нема ништо чудно што Норвешка, Данска и Шведска – втората, шестата и седмата држава според доходот по глава на жител според Светската банка (во Норвешка и Данска живеат над пет милиони луѓе, а во Шведска – над девет милиони) реагираат на кризата на различен начин.

„Добре дојде, Сирија!“

Социјалдемократите кои управуваат со Шведска, примаат во земјата најмногу бегалци по Германија (чие население е десет пати побројно од шведското), но на Сиријците (кои се најборјни меѓу бегалците) конкретно им ветуваат постојани дозволи за престој.

Но, десноцентристичката влада во Данска им издава на сириските бегалци само привремени дозволи за престој за една година, ја намалува помошта за самци полнолетни бегалци на половина (а животот во Данска е поскап отколку во Шведска) и објавува во весници во Либан дека воведува построга емиграциска политика. Целта е сириските бегалци во Либан – над еден милион (покрај едвај четири милиони Либанци) да сонуваат за она што го сакаат, но не и за Данска.

Норвешката десноцентристичка Влада исто дејствува со објави – во јавниот транспорт поставва соопштенија дека го финансира доброволното враќање во татковината на имигранти чии молби за престој се одбиени. Исто се подготвува да ја намали помошта за бегалците и да ги враќа назад оние кои ја минуваат границата во Стурскуг и бараат прибежиште во Норвешка, иако веќе го добиле во Русија.

Но, граѓанскиот сектор и во Норвешка и во Данска активно се вклучува во кампањата за помагање на мигрантите (посебно со вршење притисок врз владите) под паролата „Добре дојде, Сирија!“ и „Спасете ги децата бегалци“.

А општините во северна Норвешка ќе треба догодина да најдат некакви живеалишта за 2.600 бегалци, а тоа не е лесно.

Засега ми доаѓа на ум една реплика од канадскиот документарен филм „Корпорацијата“ од 2003 година, во следнава смисла: „Не е лошо да се сетиме на богатиот бел човек, затоа што такви како него се малцинство во овој свет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top