| четврток, 6 декември 2018 |

Нов срам за Челси, овојпат загуби од Стоук на „Британија“ (видео)

Stoke City v Chelsea

Колата на Челси решена е да оди низ брдо и нема спас во оваа сезона. По неколкуте слаби резултати во Премиерлигата, единствена светла точка е Лигата на шампионите.
Денеска на стадионот „Британија“ на гостувањето кај Стоук нов срамен пораз од 1-0 за избраниците на Жозе Мурињо.
Иако имаа повеќе од играта, создадоа неколку добри шанси, ја котролираа средината и имаа повеќе од 65 проценти од поседот на топката, сепак минатогодишните шампиони мораа со наведнати глави да си заминат дома.
Единствениот гол на натпреварот воедно знаечаен три бода за Стоук беше дело на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ во 54 минута откако топката дојде среќно до него и со одмерен плуволеј удар ја смести во мрежата на немоќниот Беговиќ.
Тоа беше трет пораз во низа за сините од Лондон и само прашање на време е кога споственикот Роман Абрамович ќе му врачи отказ на Жозе Мурињо.
Челси остана закован на 16.место на табелата со 11 бодови дури 14 помалку од лидерите Манчестер Сити и Арсенал кои имаат и натпревар помалку.

Претходно во терминот од 16 часот, Манчестер Јунајтед со неубедлива игра дојде до трите бода на домашен терен со победата од 2-0 над ВБА.
Најпријатното изненадување екипата на Лестер продолжи да реди победи, а денешната жртва беше Ватфорд кој беше поразен со 2-1.

Резултати: Бурнемут – Њукасл 0-1, Лестер – Ватфорд 2-1, Манчестер Јунајтед – ВБА 2-0, Норвич – Свонси 1-0, Сандерленд – Саутемптон 0-1, Вест Хем – Евертон 1-1, Стоук – Челси 1-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top