Екипата на Селта доживеа вистински дебакл на домашен терен од Валенсија од 1-5 во рамките од 11.коло од Примера дивизија.
Валенсија од самиот старт на мечот ја наметна својата игра и по само 11 минути успеа да поведе со 1-0. Стрелец на голот беше Пако. Единствено нешто што направи домаќинот беше погодокот во 24.минута на Фернандез и од тогаш на теренот постоеше само една екипа.
„Лилјаците“ во самиот финиш од првото полувреме дојдоа до предност од 2-1, а во второто полувреме успеаја да постигнат уште три. Двојни стрелци денеска за Валенсија беа Пако и Парехо додека петтиот гол беше дело на Шкодран Мустафи.
Валенсија се искачи на шестото место во Примера со 18 освоени бода, додека за Селта ова е втор пораз сезонава, по оној против Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)