Актуелниот шампион на Германија Баерн Минхен по пауза од едно коло повторно се врати им се врати на победите во Бундеслигата. Откако во минатото коло Ајнтрахт им ја прекина победничката серија на баварците, денеска на „Алијанц арена“ настрада Штугарт со 4-0.
Можеше многу лесно гостите да доживеат вистински дебакл и со повеќе примени голови во својата мрежа бидејќи избраниците на Пеп Гвардиола сите четири голови ги примија до 40.минута. Резултатот го отвори повратникот во екипата холандскиот репрезентативец Арјен Робен во 11.минута. Во продолжение од првото полувреме успешно стрелаа и Даглас Коста, Роберт Левандовски и Томас Милер.
Баер Леверкузен изненадувачки беше поразен на домашен терен од Келн (1-2). Пападопулос во 50.минута доби црвен картон, а Марох со два гола ги потопи „фармацевтите“.
Мајнц на домашен терен славеше над Волфсбург со 2-0. И „волците“ од 13.минута играа со играч помалку поради исклучувањето на Драклсер, а Де Бласис и Мали беа стрелци за тимот на Мајнц.
Резултати Германија: Баерн Минхен – Штутгарт 4-0, Борусија Менхенгладбах – Инголштад 0-0, Баер Леверкузен – Келн 1-2, Хофенхајм – Ајнтрахт Ф. 0-0, Мајнц – Волфсбург 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)