Германската канцеларка Ангела Мекел ја истакна потребата од „почесна прерасподелба“ на бегалците во Европа, додека европските лидери се подготвуваат за средба со своите колеги од африканските земји со кои неделава ќе разговараат за бегаската криза.
-Мораме повторно и повторно да зборуваме за фактите дека прашањето на начинот како да го решиме проблемот со бегалците е заедничко прашање за сите европски држави членки, секако на оние кои ја потпишаа Шенгенската спогодба, рече Меркел во својата неделна видео порака.
Лидерите од Европската унија и Африка во среда и четврток ќе се сретнат на Малта, пренесоа американските медиуми.
Меркел изјави дека Европа ќе разговара за тоа со кои држави може да склучи спогодби за враќање на лицата чии барања за азил се одбиени.
Во Германија од јануари до октоври дојдоа 758.000 баратели на азил.
Многу други членки на ЕУ не покажаа подготвеност да примат значен број бегалци, оценија американските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.