Во Хрватска в недела ќе се оддржат парламентарни избори на кои хрватските граѓани ќе ги избираат своите нови пратеници меѓу 2.300 кандидати предложени на 166 партиски и независни изборни листи.
Ова се осми парламентарни избори во Хрватска од 1990 година, но се први на кои гласачите ќе можат да го искористат својот преферцијален глас, односно покрај што ќе гласаат за кандидатската листа, на неа ќе можат да заокружат и име на кандидат на кои му даваат предност да биде избран за пратеник меѓу сите останати предложени кандидати. Согласно ова правило кандидатот од една листа кој ќе освои најмалку десет проценти од гласовите има предност при добивањето пратенички мандат, пред останатите од листата независно на кое место се наоѓа.
Хрватските гласачи треба да изберат 151 пратеник во десет изборни единици во земјата, на кои ќе им се приклучат уште тројца пратеници од дијаспората и осуммина народни избраници на националните малцинства кои се избираат во посебна изборна единица.
Изборната кампања мина во традиционалните обвинувања меѓу левицата и десницата, чии несогласувања потекнуваат во бурното и често крваво минато на земјата, чии траги се видливи до денешен ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.