| четврток, 6 декември 2018 |

И Ременски со лаги како Заев – Генерален секретар на СДСМ е непартиски ангажман

frosina-remenski-740

Во договорот во Прижино стои на предлог на СДСМ, во консултација со другите партии ќе се избере новиот министер за внатрешни работи, меѓутоа да не биде препознатливо партиско лице од Социјалдемократскиот сојуз. Има има луѓе кои се професоналци, ја познаваат работата на МВР, ја познаваат надлежноста ги познаваат проблемите, а не се партиски ангажирани -вели Фросина Ременски, потпретседател на СДСМ во интервју за НОВА дадено на почетокот на септември.

На коментарот на новинарот дека се работи за луѓе од граѓанскиот сектор таа одговара потврдно.

Дали генерален секретар на СДСМ е непартиски ангажман, туку ангжман во граѓански сектор или Ременски го следи начинот на воддење политика на својот партиски лидер СДСМ Зоран Заев?! Се чини каков лидер такви сопартијци. И генералниот секретар, иден министер, Оливер Спасовски се служеше со истата лага на истата тема. Тој покажа дека ја следи праксата на својот лидер Зоран Заев. Сега и Ременски со истата пракса – политика на лаги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top