| четврток, 6 декември 2018 |

Глушец уапсен поради шверцување дрога!

Чуварите во затворот Бара да Грота во градот Арагваина во северен Бразил го фатиле дилерот кој подолго време на затворениците им дотурал дрога. Во прашање е едно сосема мал глушец.

Затворските власти воочиле дека нивните затвореници се дрогираат, но не успевале да утврдат како доаѓаат до наркотиците. Поради тоа биле поставени скриени камери, кои ги снимале сите сомнителни локации и затворениците. Но, ниту тоа не им помогнало.

На општо изненадување, чуварите еден ден откриле дека дилерот не е никој друг туку најобичен глушец!

– Мислевме дека сме виделе се, но ова дефинитивно е нешто сосема поинакво. Глушецот е толку питом така што дозволува на луѓето да го галат – рекол еден од затворските чувари.

Како што објаснил директорот на затворот Жан Карлос Гомез, глувчето им донело на затворениците повеќе од 50 паќетчиња кокаин и марихуна.

– Затворениците за опашката на глушецот врзувале долго јаже и така им испраќале дрога од едното крило на затворот во другото. Кога затвореникот го здогледувал глушецот го повлекувал за јажето и на неговиот крај се наоѓала заврзана спакуваната дрога – рекол директорот и додал дека оваа шема е откриена сосема случајно.

– Чуварите го открија глушецот сосема случајно. Го здогледоа еден ден и забележаа дека на својата опашка влече некое јаже со пакет. Го следеле и откриле дека носи дрога – открил директорот на затворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top