| четврток, 6 декември 2018 |

Приведен саудиски принц при обид да прошверцува два тона наркотици

Саудиски принц е приведен при заплена на рекордно количество наркотици на аеродромот во Бејрут.

kokain

– Безбедносните служби на аеродромот го приведоа принцот Абдел Мохсен ибн валид Абделазиз, кој заедно со уште четири лица се обидувале на натоварат во приватен авион, кој требало да полета за Ријад, околу два тона апчиња „каптагон“ (амфетамински наркотик) и кокаин – изјави неименуван извор од обезбедувањето на аеродромот.

Либанската државна новинска агенција НИА јави дека апчињата биле распоредени во 40 куфери, пренесува БТА.

Петте мажи уште на аеродромот се испитани од царинарниците.

Тоа е најголемо количество на запленети наркотици на меѓународниот аеродром во Бејрут. Во април 2014 година 15 милиони апчиња „каптагон“ откриени се во пристаниште во Бејрут, скриени воо контејнери со пченка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top