| четврток, 6 декември 2018 |

Полуфинални двојки на Мастерсот во Париз

Новак Ѓоковиќ и Стан Вавринка ќе играат во второто полуфинале на Мастерсот во Париз, откако денешната програма ќе ја отворат Давид Ферер и Енди Мареј.

Вавринка еден час после полноќ во последното четвртфинале го победи Рафаел Надал со 2:0 во сетови (7:6 (10:8) и 7:6 (9:7)). Ова беше само трета победа на Вавринка во 16.тиот меч, но сите три ги има остварено во последните четири дуели.

Претходно еден час пред полноќ (петок на сабота) Ѓоковиќ истотака во два тај брека го победи Томаш Бердих со 7:6 (7:3) и 7:6 (10:8).

Првото полуфинале меѓу Ферер и Мареј е закажано за 14 часот, додека дуелот на Ѓоковиќ против Вавринка следува по тој меч, но не пред 17 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top