| четврток, 6 декември 2018 |

Забрана за Кока кола во Иран

Coca-cola persaИранските власти донесоа одлука со која го забрануваат влегувањето на одредени производи, вклучувајќи ја и Кока Кола и гумите за џвакање Вриглис на новотоврениот ирански пазар.

Иранскиот министер за индустрија, енергетика и трговија Мохамед Реза Нематзадех, изјави дека е забранет увоз на американска стока за широка потрошувачка.

Како што наведува Дејли Тајмс, одлука ја образложил со тоа што е заснована на упатствата кои ги добил од иранскиот врховен лидер Алија Кхаменеија.

Според него, нуклеарниот договор постигнат со западните земји во јули годинава, би требало да помогне да иранската економија стане независна.

Тоа вклучува и засилување на националните производи како и проверка на стоката произведена во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top