| четврток, 6 декември 2018 |

Шок изјава на Бреговиќ за поранешниот на Северина

Горан Бреговиќ неодамна гостуваше на хрватската радио – телевизија во емисијата  „Во недела во 2“, а помеѓу другото зборувал и за пријателката и колешката Северина Вучковиќ.

брегасеве насловна

Брега ги коментирал проблемите на Северина со поранешниот сопруг Милан Поповиќ по повод старателството врз синот Александар.

-Северина и јас не сме во контакт неколку години. Многу ми е жал што не сум нејзин брат па да му отидам на врата на оној нејзиниот со кој има дете и кој и прави големи проблеми. Вака не можам, тоа би било класично насилство – кажал фронтменот на оркестарот за свадби и погреби.

Потсетуваме, Северина и Горан Бреговиќ пред неколку години беа во страсна врска за која многу се пишуваше и се зборуваше. Горан и ден денес ја смета за голем пријател, а признал и дека одложувал да ја заврши нејзината плоча, само за да помине повеќе време  со хрватската поп ѕвезда.

hitportal-severina-i-brega2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top