| четврток, 6 декември 2018 |

Десет фудбалери номинирани за најдобар гол во 2015 година (видео)

ferenc puskas nagrada

Светската фудбалска федерација денеска ги објави номинираните фудбалери кои влегоа во потесниот избор за наградата „Ференц Пушкаш“, што традиционално се доделува на крајот од година за најдобар гол.
На листата се наоѓаат навистина прекрасни погодоци како оној на Меси против Атлетик Билбао или на Филип Мексес против Интер во рамките од подготовките за новата сезона. Меѓу номинираните се најде и една фудбалерка.
За омилениот гол и фановите од Македонија можат да гласаат на интернет страницата на ФИФА до 30 ноември, кога ќе бидат избрани најдобрите три според гласовите на публиката, додека најдобриот гол ќе биде прогласен на гала-свеченоста на ФИФА што ќе се одржи на 11.јануари 2016 година.

1. Дејвид Бол (Флитвуд Таун)

2. Гонзало Кастро (Реал Сосиедад)

3. Алесандро Флоренци (Рома)

4. Вандел Лира (Гоианесиа)

5. Карли Лојд (САД)

6. Лионел Меси (Барселона)

7. Филип Мексес (Милан)

8. Марсел Нџенг (Падернборн)

9. Естебан Рамирез (Хередиано)

10. Карлос Тевез (Јувентус)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top