| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва почнува „Есенски музички свечености“ со „Керем Горсев трио“

Четиринаесеттото издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ почнува вечерва со настап на „Керем Горсев трио“ од Турција заедно со камерниот оркестар на Битола под диригентската палка на Сашо Татарчевски.

Триото го сочинуваат Ќерем Горсев, пијано, Каган Јилдиз-контрабас и Ферим Одман-Тапани. керем во светот е препознатлив како мошне талентиран музичар, композитор и пијанист. Досега продуцирал бројни проекти почнувајќи од својот прв албум „Hands and lips“ во 1995 година. По него следеше неговиот втор албум „I love may“ во 1996 година. И двата албуми се составени само од негова авторска музика. Третиот албум на Керем Горсев „ For Murat“ е објавен во 1996 година, а следната 1997 година и четвртиот албум „Relaxing“. Неговиот следен албум е пијано-вокал дует со Алан Харис и е насловен „Laid-Back“. Во 1998 година Керем настапил на два концерта заедно со Елвин Џонс „Jazz Machine“ на „Eskisehir“ фестивалот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top