Во Полициската станица во Ресен вчера во 23.30 часот Т.Н.(49) од село Златари телефонски пријавил дека во селото Златари лицето С.Н.(40) од Ресен со нож му нанел повреда, односно расекотина на левата страна од вратот на неговиот брат Љ.Н.(47) од Скопје.
Лицето е пренесено во Клинички болница – Битола за укажување лекарска помош.
Се работи на целосно расчистување на случајот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.