| четврток, 6 декември 2018 |

Новак Ѓоковиќ се расплака по победата (видео)

И покрај повредата на скочниот зглоб, најдобриот тенисер на светот ги стисна забите го победи Квери и ја однесе неговата репрезентација во полуфиналето на Дејвис Купот. Крајниот резултат беше  3-1 во сетови. По мечот Ѓоковиќ ја прослави победата, но не ги задржа солзите пред камерите на РТС додека даваше изјава.

„ Ме обзедоа емоции, голема чест и задоволство е да се игра за Србија“, рече Ѓоковиќ додека се обидуваше да ги задржи солзите, но не успеа и само дополни:

„Што се однесува до повредата, не знам што ќе биде, се надевам ќе биде добро“, и…се расплака Новак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top