| четврток, 6 декември 2018 |

Потврдено: Радовишанецот бил убиен

Радовишанецот што вчера попладне беше пронајден мртов, починал од насилна смрт.

По претходна пријава од дежурната служба на СВР Струмица, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица вчера попладне изврши увид во куќа во Радовиш во која е пронајдено безживотното тело на 26-годишен маж.

– По наредба на јавниот обвинител е повикан дежурен доктор за обдукција од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, кој, според првичните сознанија, утврдил дека се работи за насилна смрт. Од местото на настанот се земени биолошки траги и докази и по наредба на јавниот обвинител телото е предадено на обдукција со што ќе бидат утврдени причините за смртта – информираат од обвинителството.

Починатото лице било пронајдено во текот на вчерашниот ден во куќа во Радовиш, од страна на сопственикот на куќата. ​​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top