Прилепската шумска полиција во последната акција вчера против дрвокрадците заплени 10 кубни метри просторно огревно дабово дрво, еден автомобил ауди и поднесе три прекршочни пријави.
За време на акцијата нападнато е полициско возило во прилепската населба Тризла, информираат од Шумската полиција во Прилеп. Според командирот на шунската полиција Илија Спиркоски, заедничката акција на МВР и на шумската полиција почнала на Плетвар и во реонот на месноста Тројаци.
– Заедничката акција во текот на вчерашниот ден беше против поголема група дрвокрадци во шумскостопанските единици Никодин, Беловодица и во Дрен. Одземени се 10 метри просторни дабово огревно дрво, се поднесени три прекршочни пријави и одземен е автомобил. Потоа во акција на МВР, нивното возило е нападнато во населбата Тризла, вели Спиркоски.
Спиркоски објаснува дека дрвокрадците се организирани и стануваат по агресивни, иако овој период се зголемени акциите. Пред еден месец, потсети, е нападната шумската полиција и едно лице е потешко повредено.
– Организирано е дрвокрадството од поединци, добро организирани во поголеми групи. Секоја екипа која ќе излезе на терен излегува пред лицадрвокрадци од 10 до 15 души. На 3. октомври е нападната шунската полиција, еден е потешко, а двајца шумски полицајци се полесно повредени. Лицата се откриени и седуммина се приведени.Во овој период повеќе е ангажирана полицијата и е понамалено дрвокрадството. Но, се појавени поголеми инциденти, напади на овластените службени лица, вели Спиркоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?