| четврток, 6 декември 2018 |

Симона Халеп со нов тренер ќе се обиде да дојде до првото место на ВТА листата

BNP Paribas WTA Finals 2015 in Singapore

Втората светска тенисерка Романката Симона Халеп, одлучи следната сезона да ја започне со нов тренер. Таа со нови сили ќе се обиде да ја урне од тронот на светскиот тенис неприкосновената Американка Серена Вилијамс.
Во новата сезона Халеп ќе соработува со поранешниот селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Австралија Дарен Кејхил кој во својата кариера индивидуално работел и со Лејтон Хјуит и Андре Агаси. Со ангажманот на новиот тренер, Халеп се надева дека ќе го направи клучниот исчекор и дека ќе има поголеми успеси во кариерата.

simona halep 1

24-годишната тенисерка сеуште нема титула од грен-слем турнирите. Минатата сезона стигна до финалето на Ролан Гарос, а оваа година најголем успех и беше полуфиналето на УС Опен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top