| четврток, 6 декември 2018 |

Роси сепак ќе стартува од последното место, одбиена жалбата во судот во Лозана

Италијанскиот моторциклист и лидер во генералниот пласман во МотоГП шампионатот, Валентино Роси е пред „невозможна мисија“ да дојде до 10.јубилејна титула во својата кариера.
По добропознатите случувања пред две недели на трката во Малезија кога Роси се судри со Марк Маркез по што младиот шпанец излета од патеката, Италијанецот доби казна со тоа што на последната трка во шампионатот во Валенсија ќе треба да стартува од последното место.
Сепак од таборот на „докторот“ испратија жалба на одлуката до Спортскиот суд за арбитража во Лозана со цел да му се овозможи на Роси да биде конкурентен во трката и да стартува од местото кое ќе го обезбеди во квалификациите за пол-позицијата.
Судот во Лозана одлучија дека нема услови жалбата да биде прифатена. Роси се надеваше дека ќе му биде овозможено фер да се бори за титулата, но сепак, ќе мора да се помачи да дојде до зацртаната цел.

Последната трка на која „војна“ за титулата ќе водат „докторот“ Роси и Хорхе Лоренцо се вози в недела од 14 часот. Италијанецот има седум бодови предност во генералниот пласман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top