| четврток, 6 декември 2018 |

Прва победа на Ливерпул во ЛЕ, Тричковски загуби од Бриж, дебакл на Партизан (видео)

Chelsea vs Liverpool

Синоќа на 12 стадиони ширум Европа беше комплетирано четвртото коло во Лигата на Европа. Ливерпул почнува да заличува на екипа која ја бараат неговите симпатизери по доаѓањето на Јирген Клоп. Трансфорамцијата се чувствува и цврстина на средината на теренот која недостасуваше се повеќе е видлива и полека но сигурни „црвените“ се враќаат на старите патеки. По победата над Челси во премиерлигата за само четири дена Ливерпул победи и во Лигата на Европа на гостувањето кај Рубин Казан од 1-0. Иако минимално сосема заслужено дома се враќаат со три бода и прва победа. Единствениот гол беше дело на Џордан Ајб во 52.минута од натпреварот.

Екипата на македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, Легија се повеќе си ги затвори вратите за пласман во следната рунда, бидејќи во четвротот коло доживеа пораз од 1-0 на гостувањето кај Бриж и остана закована на последното место на табелата со само еден освоен бод. Тричковски го одигра целиот натпревар, но овој дуел го одбележа цврстата одбрана на домаќинот која не дозволи да прими гол иако шансите беа на страната на Легија.

Италијанскиот тим Наполи покажа дека е еден од најсериозните кандидати за освојување на Лигата на Европа оваа сезона. Наполитанците со стопроцентен учинок од четири кола веќе обезбедија пласман во следната рунда. Синоќа екипата на Митјиланд беше буквално декласирана со 5-0.

Селтик загуби на домашен терен од Молде (1-2), додека Борусија Дортмунд очекувано славеше убедлив триумф над Габала (4-0). Ројс ја отвори серијата голови, Обамејанг зголеми на 2-0 пред самиот истек на првиот дел, потоа гостите си постигнаа автогол, а Мхитарјан со одличен погодок стави точка на сигурниот триумф. Мечот меѓу Олимпик Марсеј и Брага сепак се одигра, иако гостите од Португалија не сакаа да играат без своите копачки кои им беа украдени, а францускиот тим победи со 1-0, со голот на Нкуду во 39.минута од средбата.
Партизан претрпе уште еден пораз од Атлетик Билбао, овојпат на гостувањето во Баскија со убедливи 5-1. Љубинко Друловиќ е далеку од пронаоѓањето на победничката комбинација во својот нов клуб, „црно-белите“ повторно беа далеку под посакуваното ниво на игра, а квалитетниот тим на Атлетик знаеше како да го искористи тоа и да им одржи нова лекција.
Тотенхем со голот на Дембеле во 88. минута го совлада Андерлехт со 2-1, Иличиќ со два гола и ја донесе победата на Фиорентина на гостувањето против Лех, додека Лацио среде Норвешка славеше над Розенборг со 0-2 благодарение на двата погодоци на Ѓорѓевиќ.

Резултати четврто коло, Лига на Европа:

ГРУПА А: Ајакс – Фенербахче 0-0, Селтик – Молде 1-2.

ГРУПА Б: Рубин Казан – Ливерпул 0-1, Сион – Бордо 1-1.

ГРУПА Ц: Краснодар – ПАОК 2-1, Борусија Д. – Кабала 4-0.

ГРУПА Д: Бриж – Легија 1-0, Наполи – Митјиланд 5-0.

ГРУПА Е: Динамо М. – Вилјареал 1-2, Плзењ – Рапид В. 1-2.

ГРУПА Ф: Ол. Марсеј – Брага 1-0, Гронинген – Либерец 0-1.

ГРУПА Г: Сент Етјен – Днипро 3-0, Розенборг – Лацио 0-2.

ГРУПА Х: Бешикташ – Локомотив 1-1, Скендербег – Спортинг 3-0.

ГРУПА И: Белененсес – Базел 0-2, Лех – Фиорентина 0-2.

ГРУПА Ј: Карабах – Монако 1-1, Тотенхем – Андерлехт 2-1.

ГРУПА К: Астерас – АПОЕЛ 2-0, Спарта П. – Шалке 1-1.

ГРУПА Л: Аугсбург – АЗ Алкмар 4-1, Атлетик Б. – Партизан 5-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top