Двајца од кандидатите за американски претседатели од Републиканската партија, Доналд Трамп и Бен Карсон, ќе бидат ставени под деноноќна стража, пренесе БиБиСи.
Кандидатите кои се борат за наследници на Барак Обама во Белата куќа, 24 часа ќе бидат чувани од 300 вработени на Американската служба за национална безбедност и Сервис за обезбедување. Самите политичарите побарале да бидат заштитени.
Изборите за претседател на САД ќе се одржат на 8 ноември 2016 година. На кандидатите им следува обезбедување еден месец пред гласањето, но тие сепак можат да побараат заштита од државата и порано.
Трамп и Карсон се фаворити меѓу републиканците во внатрешните избори на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.