Дваесет и шестгодишниот Јашар Р. од Радовиш е момчето што вчера попладне околу 14 часот беше пронајдено мртво.
Безживотното тело на момчето било пронајдено од страна на газдата на куќата на ул.„Обрад Цицмил“, во која тој бил потстанар. Настанот веднаш бил пријавен во радовишката полиција, која изврши увид на местото на настанот.
Според неофицијалните извори станува збор за насилна смрт односно убиство, последница на љубовна драма со трагичен крај.
Од СВР Струмица за „Република“ велат дека се уште нема официјални податоци за причините за смрт.
По Наредба на јавниот обвинител повикан е дежурен обдуцент од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, кој според првичните сознанија утврдил дека се работи за насилна смрт.
Од местото на настанот се земени биолошки траги и докази и по Наредба на јавниот обвинител телото е предадено на обдукција со што ќе бидат утврдени причините за смртта, информираат од обвинителството.
Телото е се уште на обдукција, по што ќе се знаат повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка