| четврток, 6 декември 2018 |

Библиотеката „Браќа Миладиновци“ одбележува 70 години постоење

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ одбележува значаен јубилеј-70 години од постоењето.

Градската библиотека е основана во 1945 година, а од 1963 година го добива името „Браќа Миладиновци“. Од 1974 година сите библиотеки во Скопје се интегрираат во библиотека „Браќа Миладиновци“.Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ е јавна установа од областа на културата чиј основач е градот Скопје. Во организационата поставеност се состои од четири(4) централни библиотеки, шестнаесет(16) клона и подвижна библиотека (Библиобус), распространети низ градот Скопје и претставува современ библиотечно-информациски сервис, регионален и едукативен центар. Библиотеката извршува библиографско – информативна дејност, ја развива и унапредува библиотечната продукција во градот, набавува, истражува, собира, стручно обработува, информира, презентира, популаризира и дава на користење библиотечен материјал.Располага со фонд над еден (1) милион книги, публикации и друг вид библиотечен материјал.Градската библиотеката „Браќа Миладиновци“ има вкупно 104 вработени, од кои 78 се библиотекари. Библиотеката својата дејност ја развива на подрачјето на градот Скопје.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top