Грчкиот парламент минатата ноќ одобри неколку предлог-закони од пакетот реформи, што Грција треба да ги спроведе како услов за исплата на нова транша од помошта од меѓународните кредитори.
Усвојувањето на реформите доаѓа во пресрет на состанокот на министрите за финансии на еврозоната в понеделник, на која треба да биде донесена одлука за исплата на нова транша од програмата за спас во износ од две милијарди евра.
Грција се обврза дека ќе спроведе серија реформи, како услов за исплата на помош во износ од 86 милијарди евра, која беше договорена на почетокот на летото.
За усвојувањето на реформскиот пакет-закони се изјаснија големо мнозинство од членовите во Парламентот.
Со реформите се предвидуваат промени во пензискиот систем, се утврдуваат правила за енергетска ефикасност во согласност со нормите на ЕУ, се надминуваат пречките за приватизација на најголемото грчко пристаниште во Пиреја и се укинуваат даночите олеснувања за земјоделците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.