Околу 7.000 лица, претежно млади, се собраа веќерва на протест во Букурешт против корупцијата на политичката елита, која според нив е одговорна за трагедијата во дискотеката, при што загинаа 32 лица, пренесува БТА.Ова е трет ден протести против корупцијата во романската престолнина. Илјадници протестираа и во серија големи градови во Романија, со барање за промена.
“Долу парламентот!”, “Ние сме за слободна Романија”, извикуваа демонстрантите во Букурешт.
Протестнниот бран во средата предизвика оставката на владата на социјалдемократот Виктор Понта. Претседателот, конзервативец, Клаус Јоханис го назначи денеска министерот за образование Сорин Кампеану за привремен премиер. Јоханис рече дека ќе се консултира со цивилното општество и со демонстрантите за составување на нова влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.