| четврток, 6 декември 2018 |

Здружението на новинари одби да учествува на дебатата на законот за медиуми

Naser-Selmani-(8)

ЗНМ одбива да учествува на денешната дебата за Законот за медиуми, која се одржува во домот на АРМ, а домаќин е министерот Иво Ивановски.

Првиот човек на ЗНМ Насер Селмани за НОВА изјави дека ќе врачи писмена изјава после што ќе се повлече, протестирајќи за кршењето на договорот на Владата склучен со ЗНМ.

ЗНМ бара дебатата да трае 3-5 месеци, во која ќе бидат вклучени сите релевантни институции и здруженија. Освен тоа, Селмани останува на ставот дека мора да се лоцираат виновниците за како што вели „црниот понеделник“, односно собранискиот инцидент од 24 декември лани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top