Вчера попладне, во времето од 15 до 19.30 часот, непознат сторител извршил кражба во клиничкиод центар „Мајка тереза“ во Скопје, поточно во Клиниката за инфективни болести.
Според МВР, крадецот најверојатно со патничко моторно возило влегол во кругот на Клиничкиот центар и дошол до Клиниката за инфективни болести, каде со употреба на погоден алат ги пресекол металните прачки од заштитната метална решетка на прозорецот од благајната. Го отворил истиот, влегол внатре и одзел сеф непозната марка со димензии од околу 150х50х50., во кој имало 16.000 денари, банкноти и кованици во разни апоени од поранешна СФРЈ, три картички од по 5.000 денари за точење гориво во „Макпетрол“, фискална каса непозната марка, магнетна картичка за влез во Клиниката и беџ за идентификација на име на Р. Д. и друго, а потоа заминал во непознат правец.
На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 86.000 денари.
СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.