| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични пријави за неколку битолчани

Битолската полиција поднесе неколку кривични пријави поврзани со наркотици во неколку одделни случаи.

Кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори заработи Д.Е.(20) од Битола, додека Ј.А.(50) од Битола доби пријава за овозможување на употреба на наркотични дроги.

На 2 февруари годинава околу полноќ пред ноќниот клуб „Расчекор“ во Битола, од страна на полициски службеници, бил извршен преглед на првопријавениот при што му се пронајдени 0,99 грама наркотична дрога – кокаин. На 12 март, пак,, по претходно добиени оперативни сознанија дека првопријавениот во Битола изнајмил соба во хотелот „Премиер Центар“, во која пристигнал второпријавениот заедно со Б.П. и М.К., полициски службеници извршиле претрес во собата. Притоа сите биле затекнати како консумираат наркотична дрога – кокаин.

Во друг случај,  полицијајата поднесе кривична пријава против Д.Г.(25) од Битола за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. На 9 септември ноќта околу 01.00 часот во Битола во близина на автобуската станица, Д.Г. му продал 0,38 грама марихуана на И.Р. за сума од 200 денари. Подоцна истата вечер, при преглед на И.Р. полициски службеници ја пронашле дрогата. Од превземените мерки било утврдено дека пријавениот во повеќе наврати и претходно му продавал дрога на И.Р.

Кривична пријава заработија и Ј.А.(50) и И.Ж.(21) и двајцата од Битола за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Пријавените во месец јануари 2015 година секој втор ден му продавале наркотична дрога-марихуана за цена од 500 до 1500 денари на Ѓ.Ш. од Битола. На 28 јануари, во Битола на бул. „1- Мај“, од полициски службеници пријавените и Ѓ.Ш. биле забележани како вршат купопродажба. Тие ги забележале полициските службеници и се дале во бегство, но брзо биле фатени. При извршен преглед на Ѓ.Ш. биле пронајдени 0,99 грама наркотична дрога – марихуана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top