| четврток, 6 декември 2018 |

Избодено 13-годишно момче во Скопје

Вчеравечер околу 19.30 часот во Скопје две непознати лица извршиле насилство врз лицето Д.Ј.(13).

Додека Д.Ј. се враќал од продавница бил пресретнат од двете лица. Едниот од нив му се приближил , го турнал со раката по рамото, извадил нож, замавнал и го повредил во пределот на стомакот, нанесувајќи му расекотина со димензии 1,5 см и хематом.

Веднаш потоа двете лица избегале во непознат правец. Д.Ј. е пренесен во Ургентниот Центар-Скопје каде му се констатирани телесни повреди и е пуштен на домашно лекување. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top