| четврток, 6 декември 2018 |

„Костал“ ќе го потпише договорот за инвестицијата во Македонија

костал

Германска компанијата „Костал“ денеска ќе го потпише договорот за реализација на инвестицијата во Република Македонија.

Инвестицијата првично ќе се реализира како браунфилд, а неколку месеци подоцна, односно на почетокот на наредната година „Костал“ ќе почне и да ја гради својата фабрика во ТИРЗ Охрид/Струга.

Планирани се 1.000 директни вработувања, а ќе има и дополнителни индиректни кои ќе бидат соработници, партнери и добавувачи.

„Костал“ е компанија од автомобилската индустрија, која произведува делови за најголемите брендови на автомобили во Европа.

Договорот ќе се потпише во Владата на Република Македонија, каде што претходно извршниот потпретседател на „Костал“ Кристофер Сандерс и директорот на компанијата за Македонија Јури Макхлаков ќе остварат средба со премиерот Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top