| четврток, 6 декември 2018 |

Тимот на Катица Јанева даде свечена изјава

Дванаесетте јавни обвинители кои ќе и помагаат на специјалната обвинителка Катица Јанева денеска дадoa свечена изјава во Советот на јавни обвинители, со што и формално ја преземаат новата должност.

katica-janeva-7

Петмина обвинители беа изгласани вчера, а седум беа избрани на 14 октомври.

katica-janeva-14

Советот на јавни обвинители вчера едногласно ги избра обвинителите: Гаврил Бубевски, Ленче Ристевска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, сите од Основното јавното обвинителство-Скопје, како и Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за гонење кривични дела од областа на корупцијата и организираниот криминал. Тие им се придружија на седумте обвинители избрани претходно: Бурим Рустени, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.

katica-janeva-11

Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски вчера по седницата на Советот изјави дека петтемина со кои се дополнува Специјалното обвинителство биле предложени од Катица Јанева која во текот на денот поднела предлог и повторно барање за докомплетирање на нејзиниот тим со избор на јавни обвинители. Предложила пет наместо првично бараните седум обвинители.

katica-janeva-8

Катица Јанева, претходно, кога беа  избрани само седум од предложените 14 помошници, побара од нив да не даваат свечена изјава се додека не и биде комплетиран целиот тим.

Неизборот на целиот тим што го предложи Јанева беше едно од спорните прашања што го кочеше меѓупартскиот дијалог за спроведување на договорот од Пржино.

 Фото: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top