| четврток, 6 декември 2018 |

Песната што ќе нѐ претставува на Детската Евровизија (ВИДЕО)

iveta-magdalena-fyr-macedonia-jesc-2015-600x392
Љубовта и искреноста, играта и музиката се нештата кои треба да ги спојуваат децата и луѓето од целиот свет во една голема и шарена плетенка. Ова е пораката која Ивана Петковска и Магдалена Алексовска ќе ја испратат со својата песна „Плетенка“ (Bread of Love) од сцената на Детската Евровизија која што ќе се одржи во Софија на 21 ноември.

Ивана и Магдалена заедно со членовите на балетското студио „Аква“ од Скопје, кои пред неколку дена се вратија од светскиот танчерски натпревар во Италија каде постигнаа одличен успех, за десетина денови ќе отпатуваат за Софија каде со уште 16 земји ќе се борат да го направат најголемиот успех на Македонија на Детската Евровизија, а тоа е да се пласираат подобро од 5. место.

ivana_and_magdalena1

Музичките критичари кои го следат Детскиот избор за песна на Евровизија велат дека „Плетенка“ е слатка, забавна и игрива песна со заразен рефрен, а Ивана и Магдалена се одлични пејачки кои имаат енергија и најважно од се шират позитивна енергија која секој може да ја почувствува откако ќе ја слушне песната. Според нив, иако песната малку потсетува на ритам од 80-те, сепак гласовните можности на Ивана и Магдалена кои веднаш доаѓаат до израз едноставно совршено се вклопени за на крај „Плетенка“ да биде една забавна песна која кога прв пат ќе ја ислушате, веднаш ќе сакате да ја пуштите повторно.

– Песната е весела и ентузијастичка, има заразен ритам, а шармантните девојки на еден одличен начин успеваат да ни ја претстават „Плетенка“ во вистинско Евровизиско светло. Мелодијата е едноставна и влегува во уво, некако те тера цело време да ја слушаш и потпевнуваш. Досега Македонија во историјата нема некој поголем успех со Детска Евровизија и се уште некако го бара својот идентитет, па мислам дека токму Ивана и Магдалена можат да бидат една пресвртница бидејќи оваа песна е автентична, девојките се весели, разиграни, на видеото се забавуваат на покрив заедно со машки бенд кој е зад нив и изгледаат доста самостојно. Целата приказна изгледа прекрасно, тие ја пренесуваат целата приказна од Македонија, но и од целиот свет, дека девојките на нивна возраст се забавуваат, уживаат, разговараат меѓу себе и уживаат во животот. Мислам дека едноставната кореографија може да успее на Евровизија бидејќи изгледа искрено, на пр. за разлика од Џастин Бибер и останати тинејџерски ѕвезди кои и се надевам дека девојките ќе бидат опуштени на сцената и ќе успеат да ја пренесат својата порака – изјавија познати музички критичари кои ја следат Детската Евровизија.

Според пропозициите, Ивана и Магдалена се и автори на песната, а во создавањето помогнаа и познатите наши пејачи и автори, Ристо Самарџиев и Кристијан Габровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top