Турските хулигани во Истанбул не престануваат со дивјаштвата и инцидентите кои ги прават со гостинските навивачи.
Синоќа во очи натпреварот од Лигата на Европа меѓу Бешикташ и Локомотив Москва кој треба да се одигра денеска со почеток од 17 часот, на плоштадот Таксим биле нападнати и избоден со нож двајца руски навивачи од кој едниот завршил во болница.
Според информациите кои ги објавија дел од медиумите, двајца руски навивачи на Таксим биле нападнати од група на приврзаници на Бешикташ, по што еден од двајцата Руси бил избоден во ногата, а заработил и повреди на главата. Бил итно пренесен во болница, каде брзо му биле санирани повредите и бил пуштен.
Сеуште се свежи сеќавањата од пред една година кога навивачите на Галатасарај смртно го ранија српскиот навивач на Црвена Звезда, Марко Ивковиќ – Јагода пред натпревар од кошаркарската Евролига. Напаѓачот пред околу еден месец доби 25 годишна затворска казна.
Пред 15-тина години на Таксим беа убиени двајца навивачи на Лидс, а меѓусебните пресметки помеѓу ривалските групи речиси секојпат завршуваат со бодење со ножеви. Лани, дури и со огнено оружје се користеше против противникот.
За среќа синоќешниот инцидент заврши без човечка жртва, но овој случај е последен во низата во Европа, каде повторно се разгорува хулиганизмот и дивјаштвото на навивачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Адеми на изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци“ во Истанбул