На програмата синоќа во НБА лигата беа одиграни 10 натпревари. Шампионот Голден Стејт продолжува со импресивните настапи победувајќи го во дербито на западната конференција тимот на ЛА Клиперс со 112-108.
Со новата победа Вориорс го задржаа стопроцентниот учинок од стартот со пет победи од исто толку натпревари. Иако во текот на натпреварот гостите од Лос Анџелес одлично се држеа и во последниот период влегоа со позитива од 10 поени разлика, Голден Стејт благодарение на Харисон Барнс, но и на Стеф Кари успеа да направи пресврт и да му го нанесе првиот пораз на ЛА Клиперс.
Првата петорка на шампионот беше со двоцифрен ефект, а најмногу постигна Стеф Кари 31 поен, Барнс постигна 17, додека Клеј Томсон реализираше 16 поени. Кај клиперс, Крис Пол имаше 24 поени, Блејк Грифин постигна еден помалку, а Деандре Џордан заврши со дабл-дабл ефект од 11 поени и 13 скока.
Уште еден тим во НБА лигата има максимален ефект, но во источната конфереција. Екипата на Торонто испишува историја бидејќи во минатите 20 години откако е во НБА лигата нема подобар старт на една сезона. Синоќа гостите успеаја да ја запишат и петтата победа во низа против Оклахома. Репторс имаа негатива од осум поени на шест минути до крајот, но направија пресврт за нова победа. Демар Дерозан со 28 поени беше најдобар кај Торонто, додека Јонас Валанчиунас и Кајл Лори реализираа по 17 поени. Кевин Дурант и Расел Вестбрук беа расположени со по 27, односно 22 поени, но ни тоа не беше доволно за триумф.
Уште еден тим дојде до победата со пресврт откако во поголемиот дел од мечот беше во негатива. Финалистот од минатата сезона Кливленд успеа да стигне до четврата победа во низа победувајќи ја на домашен паркет екипата на Њујорк со 96-86.
Леброн Џејмс не тргна најдобро во натпреварот па затоа својата фрустрација ја искажа врз дресот со ракави, кој веднаш го „редизајнираше“. На крајот сепак со 23 поени беше најзаслужниот за пресвртот во вториот дел и на Кливленд му ја донесе четвртата победа по ред. Мо Вилијамс исто така беше расположен со 22 поени. Кај Њујорк, Кармело Ентони имаше 17 поени со очаен шут од 6/18, Кристапс Порцингис постигна еден поен помалку.
Резултати: Индијана – Бостон 100-98, Вашингтон 102-99, Атланта – Бруклин 101-87, Кливленд – Њујорк 96-86, Хјустон – Орландо 119-114, Милвоки – Филаделфија 91-87, Оклахома сити – Торонто 98-103, Феникс – Сакраменто 118-97, Јута – Портланд 92-108.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)