Екипата на Арсенал доживеа вистински дебакл на гостувањето на „Алијанц арена“ во Минхен против екипата на Баерн. Баварците со камата им возвратија на „топчиите“ за поразот во Лондон од 0-2, и ги испратија гостите со „петарда“ во мрежата на Петр Чех. Левандовски го отвори резултатот, Томас Милер зголеми на 2-0, а Давид Алаба со прекрасен гол уште во првото полувреме го отстрани сите дилеми околу победникот. Арјен Робен беше стрелец на четвртиот гол за баварскиот клуб, а Оливие Жиру постигна почесен погодок за Арсенал. Пред самиот крај Томас Милер постигна уште еден погодок за вистински дебакл на гостите од Лондон.
Bayern Munich vs Arsenal 5-1 All Goals… by gentaa
Во истата група Ф Олимпијакос славеше победа во Атина над Динамо Загреб по целосен пресврт во второто полувреме. Овој резултат не му оди во прилог на Арсенал бидејќи Баерн и Олимпијакос имаат по девет бода по четири одиграни кола, а Аренал и Динамо Загреб по три.
Барселона рутински го совлада Бате Борисов со 3-0 во рамките од четвртото коло. Нејмар од пенал донесе водство за Барса, Луис Суарез во вториот дел го потврди триумфот, а точка стави повторно Нејмар со вториот гол во 83. минута. Тренерот на каталонците Луис Енрике сигурно многу повеќе треба да се загрижи за повреда на хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ.
All Goals – Barcelona 3-0 BATE – 04-11-2015 by Video-Live
Рома и Баер Леверкузен повторно одиграа интересен меч. Во Рим славеше „волчицата“ со 3-2. Стрелци на головите за Рома беа Салах и на Џеко во првото полувреме. Сепак Баер успеа резултатски да се врати во вториот дел со головите на Мехмеди и Чичарито. Сепак, Пјаниќ од пенал во 81.минута донесе триумф за италијанскиот тим.
Резултати, Лига на шампиони:
Група Е: Барселона – Бате Борисов 3-0, Рома – Баер Леверкузен 3-2.
Табела: Барселона 10, Рома 5, Баер Л. 4, Бате 3.
Група Ф: Баерн Минхен – Арсенал 5-1, Олимпијакос – Динамо Загреб 2-1.
Табела: Баерн 9, Олимпијакос 9, Арсенал 3, Динамо Загреб 3.
Група Г: Челси – Динамо Киев 2-1, Макаби Тел Авив – Порто 1-3.
Табела: Порто 10, Челси 7, Динамо Киев 5, Макаби 0.
Група Х: Гент – Валенсија 1-0, Лион – Зенит 0-2.
Табела: Зенит 12, Валенсија 6, Гент 4, Лион 1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



