| четврток, 6 декември 2018 |

Поради учество во реално шоу српската претставника за Евровизија ја чека тешка драма

Пејачката Бојана Стаменов, која годинава беше српската претставничка  на Евровизија , сериозно ги налутила челниците на јавниот сервис во Србија поради тоа што прифатила учество во реалното  шоу „Фарма“  кое се емитува на конкурентска телевизија Како што пренесуваат медиумите, неа поради ова во иднина ќе и биде затворена вратат на јавниот сервис.

насловна бојана

-Никој не можеше да верува дека Бојана ќе биде дел од тоа реално шоу и со своето учество ќе го крева рејтингот на таа телевизиска куќа.  Од РТС  сметаат дека не заслужиле дека не ја заслужиле таквата неа одлука откако ја направија популарна  со шоу програмата „Јас имам талент“ каде јавноста ја запозна и ја прати на Евровизија. Исто така на нив им пречи тоа што таа не ги ни извести за нејзиниот  нов ангажман  иако тие го финансираа нејзиното заминување во Виена каде се одржуваше Евровизија и при тоа го имаше на располагање нивниот организаторски тим и се што и беше потребно. Иако е планирано токму таа да биде чест гостин во нивните музички емисии, тоа во иднина нема да се случи, како ниту можност во иднина да добие поповолни услови  на нивната издавачка куќа. Со тоа планираат да и стават  на знаење дека направила голема грешка – кажал извор близок до РСТ.

80003_1bojana stamneov

Од друга страна, во јавниот сервис тврдат дека Бојана нема да биде санкционирана и се оградуваат со тоа дека немаат врска со неа уште од Евровизија до кога траела нивната соработка.

80003_capture-20151104-133749

Со оглед дека Бојана од натпреварувањето од Виена се врати кон крајот на мај, а веќе два месеца подоцна влезе во реално шоу, таа не стигнала да се занимава со нејзината кариера. Според сознанијата  на медиумите таа планира откако ќе излезе од реалното шоу да  сними сингл и да и се врати на музичката кариера, но се уште нема договор со ниту една продукциска куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top