| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонија2025“: Стратешки развојни цели за Македонија на Економскиот самит

makedonija

Врвни експерти, аналитичари и претприемачи од повеќе држави ќе зборуваат за економскиот развој и за напредокот на Македонија на Третиот економски самит за Македонија, што во организација на „Македонија2025“ ќе се одржи од 18 до 20 овој месец во Скопје.

Организаторот денеска соопшти дека почесен говорник на Самитот ќе биде поранешниот премиер на Грузија Ника Гилаури, кој ќе зборува за трансформацијата на грузиската држава во една од најбрзо растечките европски економии и за реформите кои ги спровел неговиот тим. Гилаури  работел како министер за енергија и за економија и како премиер од февруари 2009 до првата половина на 2012. Воведува повеќе економски мерки што драстично ја намалуваат корупцијата и ја подобруваат економската состојба при што земјата бележи скок од 103 места според „Дуинг Бизнис“: од 112 во 2006 на 9-то место во 2009. Моментно е советник во консултантската куќа „МекКинзи“ и е главен на огранокот на Bank of Georgia во Турција.

– Со оглед на тоа што Грузија и Македонија претставуваат компаративни примери, оваа земја ќе се најде на економскиот мерен индекс што Македонија2025 го подготвува во изминатиов период.  Целта на мерниот индекс за Македонија е  да се следат неколку економски и развојни индикатори кои ќе служат за мерење на напредокот на нашата земја. Мерниот индекс беше креиран преку дискусии на членовите на МК2025 со одборите за економски развој на Сингапур, Турција и други земји, во дискусии со поранешниот премиер на Грузија, Гилаури и во соработка со консултанти на „МекКинзи“. Индексот користи јавно-достапни податоци и ги вклучува четирите стратешки приоритети кон кои ќе се стреми работењето на МК2025 во иднина, како и иницијативите кои можат да ги превземат владините институции, политичките партии, бизнисите и академската сфера- се вели во соопштението од „Македонија2025“.

Одборот на директори, според соопштението, има за цел да ги крене на повисоко ниво стратешките приоритети и да ја прошири дефиницијата на паролата „Градиме посилна нација“. Според тоа, е додадена петта точка во мандатот која гласи: „Да се одржува и да напредува дискусијата во однос на Мерниот индекс кој ќе следи како напредува економскиот развој и квалитетот на животот во Република Македонија“.  За мерниот индекс ќе се дискутира за време на Самитот, а неговата сумирана верзија е достапна на веб страната на www.macedonia2025.com, соопшти „Македонија2025“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top