Официјално почна Македонскиот економски самит. Над 250 извршни директори, менаџери, инвеститори и претприемачи учествуваат на дводневната конференција, во организација на „Македонија 2025“ . Самитот претставува еден од најзначајните бизнис-настани во земјава, на кој ќе учествуваат околу 40 говорници од над 20 земји, кои ќе дискутираат на теми како што се технологијата, бизнисот и лидерството.
Македонскиот економски самит почна на 18 ноември со ден наменет за младите професионалци, а 19 и 20 ноември се официјалните работни денови на Самитот. Настанот се одржува по третпат во Македонија и има за цел да ја поттикне и напредне дискусијата за економскиот развој, да ги претстави динамичните сектори и предностите на земјата.
Организаторот смета дека оваа година е многу важна за економскиот развој на земјата. Во изминатите неколку години дојдоа повеќе странски инвестиции, а во домашната економија се почувствува нова динамика. На ред е да се консолидираат домашните компании, односно да се поттикнат нови, понапредни и подинамични компании што ќе бидат проактивни во извозот на производи и услуги. Самитот, велат од „Македонија 2025“, е силен бран што го продолжува континуитетот преку замислување како би изгледал натамошниот економски развој за нашата земја.
На самитот ќе учествуваат влијателни луѓе што се активно инволвирани во трансформативни процеси низ светот. Некои од нив се Томи Т. Ахонен, кој е советник за мобилна телефонија на земји како Сингапур, Ника Гилаури, кој како премиер на Грузија остварил значителни промени во земјата, Џон Битов, кој е еден од најуспешните канадски претприемачи со македонско потекло, Хери Кремер, професор по лидерство на Келог школата за менаџмент и други.
На самитот ќе има 8 панел-дискусии, неколку интерактивни настани за запознавање и поврзување и ден за спортски активности.
-Самитот е прекрасна можност да видиме што прават најдобите во светот и да научиме од нив – изјави Мајк Зафировски, еден од основачите на „Македонија2025“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мировниот самит на ОН ќе почне со откривање на споменик на Нелсон Мандела
-
Могерини: Западниот Балкан се движи сигурно кон иднина во ЕУ
-
Во Софија се одржа самитот на Европската народна партија, Мицкоски ооствари неколку билатерални средби
-
Почнува самитот Брдо-Бриони, Туск, седум претседатели и еден премиер во Скопје