| четврток, 6 декември 2018 |

Адел без шминка на насловната на „Ролингстоун“

Британската поп-дива Адел (25) која за две недели ќе го објави својот трет албум „25“, во интервју за „Ролингстоун“ проговорила за својата кариера како хоби.

Adel

Иако беше отсутна три години на музичката сцена откако ја испеа насловната тема за „Skyfall“ , Адел за магазинот позирала без шминка и ги прокоментирала сите актуелни теми – од музиката, славата па се до Ејми Вајнхаус.

Иако многумина мислат дека не и се допаѓa славата, Адел открила во што е работата.

– Луѓето мислат дека ја мразам својата слава, но тоа не е вистина. Всушност сум престрашена од славата. Мислам дека тоа е отрoвно бидејќи на славата можеш многу лесно да се навлечеш. Гледајќи ја Ејми Вајнхаус како се уништуваше е причината поради која сум уплашена – изјавила Адел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top