Британската пејачка Адел во текот на концертот објавила среќна вест. Пресреќната 28-годишна Адел го затворила сопствениот концерт во понеделникот извикувајќи „ќе имам ново бебе“, пишуваат светските медиуми. Со завршувањето на концертот, добитничката на „Греми“ воедно ја затворила и турнејата, а обожавателите и тоа како ги изненадила со приватната вест. Пејачката своето второ дете го очекува со Сајмон Конецки.
Адел во понеделникот настапувала во Феникс, а потоа на крајот на концертот изговорила:
– Ќе се видиме подоцна! Ќе се видиме на другата страна! Ќе биде тоа неколку години, но потоа ќе се вратам и веќе нема да можете да се ослободите од мене – викнала Адел пред илјадниците развеселени обожаватели.
Славната пејачка веќе го има четиригодишниот син Анџело, кој до неодамна ја следеше на турнеите. Сега Анџело ја бодри од дома и одвај чека мајка му да се врати.
Откако го најави повлекувањето од сцената, тоа и го направи. Вчера Адел била забележана во сосема отпуштено издание како купува производи во Беверли Хилс. Последниот час пред празникот „Ден на благодарноста“ на сите по нешто им недостига за да се направи совршена вечера за семејството, па таков бил случајот и со Адел. Во долг фустан, со собрана коса, без шминка и со големи очила за сонце, ретко кој би ја препознал музичката дива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.