| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на славниот гитарист Дејвид Гилмор меѓу британските анархисти

Синот на гитаристот на британската група „Пинк Флојд“, Дејвид Гилмор изјави дека му е убаво меѓу домашните анархисти и дека ужива кога тие се пресметуваат со полицијата, која најчесто е принудена да отстапува пред нив.

gilmor

 

Чарли Гилмор учествувал на последната таква пресметка меѓу британските анархисти и лондонската полиција, во која анархистите користеле бомби за создавање чад, за да ја оневозможат интервенцијата на полицајците.

Насилничкиот протест на околу 150 анархисти бил организиран за да се изрази солидарност со бегалците и мигратите и како осуда на „несоодветниот“ британски одговор на бегалската криза во Европа.

– Убави се сцените кога полицајците исчезнуваат во маглата што ја прават анархистите, фрлајќи чадни бомби, изјави Чарли Гилмор.

Ова не е прв пат синот на прославениот гитарист да биде со анархистите во протести против британските власти и „неправдите на режимот“.

Во летото 2010 година, Чарли Гилмор беше уапсен и осуден на 16 месеци затвор затоа што го искина британските знаме, ставено на споменикот на британските жртви во војните, што се наоѓа во центарот на Лондон, откако претходно висеше на знамето.

Младиот Гилмор учествуваше и во студентските протести против одлуката на Владата на премиерот Дејвид Камерон, тројно да ги зголеми студентските такси.

Протестите кои почнаа мирно беа преземни од анархистите и од ултралевичарите, кои почнаа со вандализам низ лондонските улици, во најстрогиот центар на градот и со насилство и пресметки со полицијата.

Во неколкудневните судири беа повередни десетици полицајци, а уапсени и осудени повеќемина од насилните демонстранти и анархисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top