Радмила Шекеринска вчера беше на пазарот во Битола. На изненадување на пазарџиите, таа си заминала од таму- со празни раце. Шекеринска, која важи за дама која не штеди на луксуз, по се изгледа на пазар заминала во обид да ги купи само „пазарџиите“. По можност, на „жими мајка“.
Познато е дека „Началството на СДСМ“ меѓу луѓето прошетуваат само кога се во кампања. Но за разлика од Шекеринска, во кампања на пазар од СДСМ оставале и по илјадарка за чистење на чевли. Таа мода ја започна Бранко Црвенковски, а ја продолжи и Стево Пендаровски.
Можеби штедливоста на Шекеринска се должи на стравот да не биде одбиена од пазарџиите како нејзината другарка со која интимно разговараат за „сељакот“. Можеби, знаејќи ја нејзината пребирливост, воопшто не било по нејзин вкус тоа што било изложено на тезгите.
За Шекеринска повторно да не се стави во ситуација да остава ваков силен впечаток, барем во кампања нека и „наместат“ тезга со корнишони од Муртино. Едно што ќе има видео за пред народ, туку и ќе врти парата внатре во партијата, па Заев ќе и ги врати. Или можеби не?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)