| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден прегазен пешак: Девојче повредено кај Клуб на пратеници

Според изјавите на сведоците, девојчето кое најверојатно е средношколец од средното уметничко училиште, било со неколку другари и во моментот кога ја минувал улицата на нив налетал „Форд фокус“ со скопски таблички. Тој не возел многу брзо но сепак не запрел и удрил во неа. Таа паднала крај улицата а на помош и притекнале случајни минувачи и работници од градилиштето кое се наоѓа во непосредна близина.
Набрзо на местото пристигна и возило на Итната помош а лекарскиот тим ја стабилизираше состојбата на повредената. Од она што можеше да се види е дека таа има фрактура на ногата но дополнителните испитувања во Ургентниот центар треба да утврдат дали тоа е единствената повреда. Полициски екипи го регулираа сообраќајот на крстосницата, а повеќе детали околу незгодата се најавени за попладнево.
Според првичните информации таа има фрактура на ногата и со возило на Итната помош е префрлена во Ургентниот центар, пренесе Пресс24. Незгодата се случила околу 12.45 часот на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, на пешачкиот премин веднаш до Клубот на пратеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top