| четврток, 6 декември 2018 |

Карим Бензема утринава приведен во полиција за случајот со секс-снимката на Валбуена

Францускиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Карим Бензема, се наоѓа во сериозни проблеми откако утринава беше уапсен и приведен во полиција поради тоа што бил вмешан во целиот случај околу секс-снимката на Матие Валбуена.
Бензема е вториот познат фудбалер што е приведен од страна на француската полиција, откако претходно истото беше случај и со Џибрил Сисе.
Обвинителите градат случај откако Валбуена пријавил во полиција дека неколку лица му побарале откуп од 150.000 евра за секс-снимка со него да не биде закачена на интернет. Фудбалерот на Лион не сакал да ја плати сумата и целиот случај го пријавил, по што истрагата открила дека во него се вклучени и неколку фудбалери. Сослушувањето на Сисе траело осум часа пред неколку недели, а се уште не е познато колку време ќе мине во полиција Бензема. Претходно Бензема веќе бил во полиција да даде изјава за овој случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top