Откако левиот бек Давид Шпилер вчера го обелодени договорот со Металург, тој се очекува веќе во следните неколку дена да му се приклучи на составот на Металург.
Тоа ќе биде големо засилување за тимот од Автокоманда, кој се чини беше дефицитарен на бековската позиција.
Неговиот старо-нов соиграч Јанко Божовиќ, е еден од оние што меѓу првите го поздравија новото засилување на Металург. Божовиќ на својот фејсбук профил на Шпилер му посака добредојде во Скопје.
– Добредојде во Скопје, пријателе – му посака Божовиќ на Шпилер.
Двајцата ракометари, минатата сезона го носеа дресот на Мешков Брест, а сега повторно се обединуваат на бековската линија во Металург. Австрискиот репрезентативец летово дојде во Скопје како капиталното засилување за „металурзите“ пред стартот на сезоната. Шпилер се приклучува сега и ќе биде голем адут на Металург во настапите во Лигата на шампионите, но и во домашниот плеј-оф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.