| четврток, 6 декември 2018 |

Бред и Анџелина за тешкотиите за време на мастектомијата

00044452

Бред Пит и Анџелина Џоли, дадоа ексклузивно заеднички итервју, во кое отворено зборуваат за тешкотиите низ кои поминало семејството, и за лекциите кои ги научија, кога Џоли се подложи на двојна мастектомија.
– Беше најправилното, но признавам беше застрашувачко решение, рече Бред, кој во тој момент беше цврсто до сопругата.
image1482-1024x1024

Џоли во 2013 година одлучи да ги отстрани двете гради, како превентивна мерка, откако и открија генетска мутација, која го зголемува ризикот од развој на рак на дојка. Оваа одлука беше проследена со втора операција во април 2015 година, за отстранување на јајниците и јајцеводите.

248C856100000578-2903909-image-m-53_1420836113592

– Во периодот меѓу двете операции знаев дека тој е до мене. Знаев дека нема да се чувствувам помалку жена, бидејќи мојот сопруг немаше да го дозволи тоа, изјави Анџелина.
Актерката ја загуби мајка си, баба си и тетка си од оваа болест. Таа наиде на различни реакции од страна на општеството, но категорично изјави дека не жали за изборот.
– Никогаш не знаеш какви ќе бидат реакциите, но изборот во животот го правиш сам. Јас го направив својот, затоа што верував дека тоа е најдобро за мене, изјави Џоли.
Од друга страна Бред изјави дека се би направил, за да го задржи семејството заедно.

angelina-reaction-social

Angelina-Jolie-Brad-Pitt-Kids-LAX

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top